1 1
ДОМА УСЛУГИ ДОКУМЕНТИ ЦЕНИ КЛИЕНТИ КОНТАКТ
 
   
  АКТУЕЛНО
 
  • Во Службен Весник на РМ бр.53/2011 објавени за измените на Законот за органско земјоделско производство
ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2011 ГОДИНА
  • На 07.12.2009 година во службен весник е објавен новиот Македонски закон за органско земјоделско производство

 



 

 

 

 

 

 
















 

   
  ВАШИОТ НАЈДОБАР ПАРТНЕР ЗА КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА - БАЛКАН БИОСЕРТ
 

Балкан Биосерт Подружница Скопје е прво акредитирано и овластено тело за Контрола и Сертификација на органско производство, преработки и промет, кое работи со одлично обучен, квалификуван и високо професионален персонал и нуди квалитетни и достапни услуги за сите заинтересирани органски производители, преработувачи и трговци.

Балкан Биосерт Подружница Скопје е акредитирано од страна на Институтот за Акредитација на Република Македонија, а овластено од страна на Министерството за Змјоделство, Шумарство и Водостопанство на РМ.

Балкан Биосерт Подружница Скопје е производ на меѓународно партнерство чија цел беше да одговори на потребите наМакедонските органски оператори. Проектните партнери FiBL (Научен Институт за Органско Земјоделие, Швајцарија) и IMO (Институт за Пазарна Екологија, Швајцарија) обебедуваат техничка помош на Балкан Биосерт Подружница Скопје, со што гарантираат професионализам и национално и меѓународно признание на компанијата. Од јануари 2008 година, балканБиосерт Подружница Скопје
е финансиски независна компанија.

Балкан Биосерт Подружница Скопје врши Контрола и Сертификација во следниве области: растително производство, сточарство, пчеларство, собирање на диворастечки, преработка и трговија со органски производи во земјата и странство, а во согласност со во моментов правосилни национални и меѓународни регулативи, правила и законски побарувања.

Балкан Биосерт Подружница Скопје е Подружница на Балкан Биосерт ООД, со седиште во градот Пловдив-Бугарија, а е основано врз основа на Одлуката на Генералното Собрание на содружниците на Балкан Биосерт ООД од 31.03.2005.

Балкан Биосерт Подружница Скопје е регистрирано во Основниот суд Скопје 1 со Решение бр. 4331/05 од 27.09.2005.
Седиштето на Балкан Биосерт Подружница Скопје е во Скопје, Македонија.