ВАШИОТ НАЈДОБАР ПАРТНЕР ЗА КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Балкан Биосерт Македонија е единственото сертификациско тело во Македонија кое е одобрено од страна на Европската Комисија, да врши контрола и сертификација според стандард еквивалентен на Европската регулатива 834/2007 и 889/2008. Ова им овозможува на органските производители од Македонија, да извезуваат во земјите на ЕУ, Швајцарија и пошироко.
Балкан Биосерт Македонија ДООЕЛ е прво акредитирано и овластено тело за Контрола и Сертификација на органско производство, преработки и промет, кое работи со одлично обучен, квалификуван и високо професионален персонал и нуди квалитетни и достапни услуги за сите заинтересирани органски производители, преработувачи и трговци.