ИМЕ Програм
Балкан Биосерт Македонија е горд соработника во активностите кои се реализираат како дел од Зелен Економски Сектор во ИМЕ Програмата.
Програмата има за цел развој на пазарот што води кон подобрување на можностите за пристојно вработување и пристојни приходи за млади, а особено за млади жени.
ConsCert проект
Овој проект е финална и заклучна мерка на SECO (Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи) за консолидација на локалните сертификациски тела (Балкан Биосерт Скопје-Македонија; Албинспект-Албанија; Органик Стандард-Украина и Индосерт-индија).
Главната цел на проектот е да се олесни интеграцијата на малите и средни претпријатија во светската трговија преку сертифицирани органски производи, а со зајакнување на конкурентноста на локалните тела за сертификација. Проектот обезбедува поддршка за создавање на рамка погодна за развој на органскиот сектор во целните земји.
GreenPOP проект
Крајната цел на проектот е да се креира една оперативна и акредитирана (верификувана) програма за стручно образование и обука врз база на модуларни курсеви за доживотно учење за органското производство во Македонија, имплементирана од обучен кадар.
Проектот е финансиран со поддршка на Европската Комисија, во рамките на Еразмус+ Програмата, а преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во реализација на истиот учествуваат партнери од Македонија, Холандија, Шпанија и Исланд.